Вицепремиерот Арбен Фетаи против соработка со ДУИ – останува во Владата

Додека Арбен Таравари е на излезна врата од Владата и јавноста сè уште чека одговор кој ќе дојде на негово место, неговите најблиски соработници веќе јасно ги изразуваат своите позиции. Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, исто така член на АА, категорично се изјасни против можноста за коалиција со ДУИ и останува во Владата. Од него веќе неколку дена нема одговор, но утрово Слободен печат објави дека тој останува на позицијата во Владата.

  • Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи најверојатно нема да поднесе оставка, бидејќи веќе изразил интерес да остане во Владата, пишува СП.

Претходно и самиот тој преку Фејсбук нагласи дека целта на влегувањето во ВЛЕН била демонтирање на токму тој политички систем.

Политиката не е професија, туку мисија. Моето политичко патување започна во ВЛЕН, а го продолжив во АА, бидејќи таму видов можност за вистинска промена, особено во мојот роден град“, напиша Фетаи во објава на социјалните мрежи.

Тој додаде дека промената станала реалност со обединувањето на албанската опозиција, и посочи дека тоа било возможно по децении отпор кон, како што рече, „скапаниот поредок наречен ДУИ“.

Непоколеблива поддршка за мисијата на ВЛЕН

Фетаи потенцира дека и покрај разликите во ВЛЕН, тој останува верен на мисијата на обнова на политичкиот морал и демонтажа на „системот на злоупотреби“.

Дали вредеше да се надева? Да, без сомнеж. Ова беше храбар национален проект. Ќе продолжам да се борам за оваа мисија – без да ги проколнувам оние со кои ја почнавме, но и без да се поклонувам“, рече тој.

Таравари на излезна врата

Во меѓувреме, Таравари на излезна врата од владината коалиција. Доколку се потврди соработката со ДУИ тој ќе ги прегази своите позиции.

ТВ Алсат тврди дека Таравари ќе ја напушти владата

Премиерот Мицкоски сепак нема да испие ниту „сиктер-кафе“ со Таравари. По одлуката на вицепремиерот Фетаи дека сепак останува во Владата паѓаат во вода „аругментите“ на Таравари.

Мицкоски: Ќе именуваме нови имиња на местото на Таравари и неговото крило

Целата објава на Арбен Фетаи може да ја погледнете во продолжение:

Извор: Вечер