Директни летови два до три пати неделно
Од Меѓународниот аеродром Скопје од вечерва стартуваат директните летови на „Виз Ер“ до Барселона и Лион, со што скопскиот аеродром доби две нови воздушни врски кон популарни европски дестинации. Вечерва, кон Барселона полетаа 161 патник, додека авионот кон Лион превезе 180 патници.
Распоред и достапност на билетите
„Виз Ер“ ќе лета кон Барселона два пати неделно – секој вторник и сабота. Кон Лион, летовите ќе се одвиваат три пати неделно: вторник, четврток и сабота. Билетите се веќе достапни преку официјалната веб-страница на авиокомпанијата: wizzair.com.
Реализација на барањата на патниците
Од ТАВ Македонија посочуваат дека со воведувањето на летот до Барселона се исполни едно од најчестите барања на патниците. Градот е познат по уметноста, архитектурата, историјата и спортот, и претставува привлечна дестинација за македонските туристи. Од друга страна, Лион, како гастрономски центар на Франција, нуди сосема ново искуство за љубителите на француската култура и кујна.
Добитничка на промотивни авиобилети
На првиот лет до Барселона отпатува и добитничката на два промотивни билета, која беше избрана преку случаен избор како дел од повикот за дарување објавен на Инстаграм и Фејсбук-страниците на Меѓународниот аеродром Скопје.
Извор: Миа