„Визер“ ја укинува линијата од Скопје до Будимпешта

Авиокомпнијата „Визер“ ја укинува линијата од Скопје до Будимпешта. Ваквото прегрупирање на летови компаниајта го прави веќе извесен период. Компанијата „Визер“ кон Будимпешта нема да лета од 9 март 2025 година.

Нови летови од скопскиот аеродром

Претходно се укинаа дел од летовите, но се додадоа нови. Отсега од скопскиот аеродром ќе се лета до Барселона, Дубаи, Лион и Штутгарт. Од охридскиот аеродром кон Истанбул и Милхаус. Во меѓувреме, се укинаа летовите за Келн, Копенхаген и Стокхолм, но ќе се лета почесто до Дортмунд и тоа секој ден во неделата. Од претходниот месец, „Визер“ веќе престана да лета за Салцбург и Бремен.

„Визер“ почнува со продажба на билетите за новите авиолинии до Барселона, Лион и Штутгарт

Амстердам и Париз меѓу новите дестинации

Што се однесува до авиолинијата Скопје – Будимпешта се уште неизвесно е дали ќе биде вратена со зимскиот ред на летање. Освен „Визер“ и други авиокомпанија почнуваат да летаат од скопскиот аеродром. Таков пример е нискобуџетната холандско-француска авиокомпанија „Трансавиа“ од март ќе започне со летови меѓу Амстердам и Скопје. Македонската и холандската престолнина за првпат се поврзуваат после пауза од 17 години, односно од 2008 година.

По 17 години директен лет од Скопје до Амстердам

Освен Амстердам, директен лет ќе има и до Париз со „Изиџет“. Авиокомпанијата Изиџет формално поднесе документи во министерството за Скопје-Париз до аеродромот “Орли”, кој што е најблиску до центарот на Париз, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Николоски: Од Скопје до Париз нова линија со авиокомпанијата Изиџет

Претходно, министерството за транспорт објави нов јавен повик за субвенционирани авиолинии, со цел да се намали зависноста од една авиокомпанија.