И по два дена од случувањата на скопскиот аеродром со косовската претседателка Вјоса Османи, се уште истиот е топ тема во регионот. По многуте преписки, сега и македонското министерство за надворешни работи се вклучи во целата приказна.

Тогаш, Вјоса Османи се пожали дека при нејзиното доаѓање на скопскиот аеродром еден од вработените се обидел да ја турне. Дополнително, таа обвини за тоа дека спротивно на дипломатските правила вработениот од ТАВ Македонија се обидел да ѝ го одземе телефонот и ташната, а со тоа ѝ биле скратени дипломатските привилегии. Таа обвинува за тоа што летот повеќе од еден час не полетал за Словенија. За ваквите обвинувања, таа веднаш беше демантирана од ТАВ Македонија.

Косовската претседателка го обвини македонското МНР

Османи обвини за насилничко однесување, а прстот го насочи кон македонските власти меѓу кои и МНР каде прв човек е Тимчо Муцунски.

Муцунски не наседнува на провокациите

Тимчо Муцунски вели дека не наседнува на провокациите, а инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка ќе биде мирно расчистен.

Од МНР велат дека се побарани информации од сите надлежни институции, а во иднина повеќе нема да има вакви ситуации. Велат дека ќе продолжи билатералната соработка меѓу двете држави, а за инцидентот упатуваат сомнеж и во самото обезбедување на министерката. За тоа имало и телефонски разговор меѓу првите луѓе на двете дипломатии.

Телефонски разговор Муцунски – Гервала

Со цел да се надминат недоразбирањата, министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала имала телефонски повик со министерот Тимчо Муцунски. Воедно, таа се сретнала и со македонскиот вицепремиер Арбен Фетаи каде централна тема било целосно да се расчисти случајот.

Османи обвинуваше за насилничко однесување

Претходно, Вјоса Османи обвинуваше за „арогантно и насилничко однесување“, па и велеа дека ѝ биле одземени предмети кои е недозволиво да се дадат, за што од ТАВ Македонија рекоа дека е невистина.

Однесувањето е без преседан и никогаш не се случило на ниту едно патување на претседателката никаде во светот, пишуваат од кабиентот.

Од ТАВ Македонија ја демантираат Османи

Сепак, од ТАВ Македонија велат дека категорично ги отфрлаат обвинувањата. Тие објаснуваат што се случувало во ВИП салонот и објаснуваат како се одвива процедурата.

ТАВ Македонија ја демантира Вјоса Османи: Никој не сакаше да ѝ го одземе телефонот на косовската претседателка

Моментално и двете страни работат да се расчисти случајот и истиот да не се повторни во иднина.