-Оваа наредба е неуставна, незаконска и не е мудра, се наведува во судскиот поднесок на главниот обвинител на Мисури, Ерик Шмит, еден од неколкуте републиканци кои се борат за отворено место во Сенатот следната година.
Во неговата тужба, поднесена во Осмиот Окружен Апелациски суд на САД во Сент Луис, се тврди дека надлежноста за задолжителна вакцинација им припаѓа на државите, а не на федералната влада.
Службата за заштита при работа вчера соопшти дека компаниите кои нема да го почитуваат новото правило за вакцинација се соочуваат со казна од речиси 14.000 долари по човек.
Наредбата се однесува на околу 84 милиони работници во средни и големи компании, а сè уште не се знае колку вработени се веќе вакцинирани.
На Мисури во тужбата му се приклучија државните обвинители од Алјаска, Аризона, Арканзас, Монтана, Небраска, Њу Хемпшир, Северна Дакота, Јужна Дакота и Вајоминг.