Како што соопшти Министерството за здравство, вкупно 520 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центарот на ТОАРИЛУЦ, на Клиниката за Трауматологија, а доколку има потреба ќе се отворат и дополнителни оддели на Клиниката за пластична хирургија и на Клиниката за торакална хирургија кои имаат вкупно 50 кревети. Во последното деноноќие, на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ имало 28 приеми. Во КОВИД центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 примени пациенти и 17 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 6 нови пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 63 оздравени пациенти.
Моментно во КОВИД центрите на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ се лекуваат 234 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 137 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти. На ГАК има 7 хоспитализирани ковид позитивни пациентки. Вкупно 520 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
-Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 40 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, наведува Министерството.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 73 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 30 пациенти, во Велес се лекуваат 57 болен, а во Куманово 102 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 91 пациент, во Прилеп 107, во ковид центарот во Гостивар 30, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 41 пациент, во Кочани 8 во Кичево 10, Кавадарци 66, а во Гевгелија 16 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1224 и има околу 317 празни болнички кревети во КОВИД центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.