Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) имало вкупно 2.042 повика на единствениот број за итни случаи 112, од нив, „реални“ повици биле 43,88 отсто, а 56,12 проценти за други потреби на граѓаните, информираат утрово од ЦУК.
– Според генералната природа на итните случаи, кон полиција биле упатени 60,40 отсто, кон Итната медицинска помош 34,80 проценти, кон пожарникарите 0,40 отсто, а кон АМСМ 0,40 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК. Повици за итни случаи на 112, што се за комбинирано решавање кон ЦУК, имало 4,00 отсто од реалните. Тие повици, заедно со другите – „неитни повици“, 56,12 проценти – вкупно на број 1.156 повици, за разлика од претпоследното деноноќие кога биле 934, биле предмет на примање и обработка во ЦУК, преку дежурните оперативци во секторот Е-112, а истовремено во содејство со Секторот за операции и координација, секако според стандардните оперативни процедури во координација со институциите во Системот за управување со кризи, појаснуваат оттаму.
Вчера имало само еден регистриран пожар на отворено.
– Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Прилеп од 13.18 до 15.13 часот вчера, со два пожарникара и едно ПП возило, гаснеле запалена ниска вегетација во атар на село Забрчани во општината, појаснуваат од ЦУК.
Покрај овој пожар на отворено, пожарникари биле ангажирани и за гаснење пожари во населени и урбани средини во државата.