При сообраќајни контроли извршени на 19.10.2021 година во времето од 08 до 12: часот, полициските службеници на подрачјето на Охрид и Струга, извршија контрола на 87 моторни возила кои вршат јавен превоз на патници (Охрид-47, Струга-40) од кои, 25 се упатени во станица за технички преглед (Охрид-12, Струга-13).
Притоа во Струга, кај пет возила констатирани се технички недостатоци. Во Охрид не се затекнати возила кои вршат нелегален такси превоз а во Струга, со специјално возило „пајак“, подигнати се девет неправилно паркирани моторни возила.
Во Дебар, полициските службеници регистрираа и санкционираа 12 возачи на моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење (04 во населено место и 08 надвор од населено место) а во Кичево, при преглед на 08 моторни возила, констатирани се 02 прекршоци за што, поднесени се соодветни прекршочни платни налози.
Целта на контролите е зголемување на сообраќајната безбедност на патиштата.