На подрачјето на СВР Штип во текот на вчерашниот ден во акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната изречени се 41 прекршоци, од кои 30 надвор од населено место и 11 во населено место.
Како што соопшти МВР, санкционирани биле и 20 други видови прекршоци, од кои 12 за управување возило без возачка дозвола, три за нерегистрирано возило, две за управување под дејство на алкохол, еден за некористење сигурносен појас и два прекршока за непрописно паркирање.