Вкупно 79 возачи, од кои 38 на територија на СВР Скопје и 13 на територија на СВР Тетово се санкционирани за незастанување на печачки премин, соопшти МВР.

Во засилената акциска контрола спроведена вчера, санкционирани се и 135 други видови сообраќајни прекршоци.

-Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, наведува МВР.