Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 проценти, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години, информираат од Министерството за здравство.
– Заклучно со 11 ноември вкупно се вакцинирани 812.631 граѓани, ревакцинирани се 783.880, а трета доза примиле 51.531 граѓани. Дури 54 проценти од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, се вели во соопштението од МЗ.
Според бројот на аплицирани вакцини, 39 проценти од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.