Ограничени маржите на 100 производи
Владата одлучи да ги ограничи маржите за 10 проценти на цените на околу 100 производи. Покрај основните прехранбени продукти оваа мерка ќе ги опфати бебешките производи, средствата за лична хигиена и производите кај кои има најголемо зголемување на цените.
Ваквата одлука следува по претходните повици на бојкот од граѓаните и жалбите за високи цени на прехранбените производи. По првиот бојкот, следуваше и втор кој не ги даде посакуваните резултати за многумина. Оттука произлегува прашањето дали бојкотот беше успешен.
(Не)успешен бојкот: Граѓаните потрошиле 37% повеќе од претходниот петок
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во текот на вчерашниот ден побара поголема транспарентност, а за истото се надоврза и владината портпаролка Митева.
Владата со предлог и до трговците јавно да ги објават цените, за да има поголема транспарентност и граѓаните да одлучат во кој маркет ќе пазарат, вели портпаролката Митева.
Мерката доаѓаат како резултат на извештајот од извршените контроли на Државниот пазарен инспекторат.
Наскоро Велигденска и Рамазанска кошничка
Дополнително ќе се утврдува дали ќе се прави Велигденска и Рамазанска кошничка. Министерството за економија е задолжено заедно со другите надлежни институции да одржат итен состанок за да се разгледаат и други долгорочни мерки со кои би се решила состојбата со растот на цените.
До петок контроли ќе има и кај производителите на млеко и млечни производи и производителите на месо.
Извор: МРТ