Единствени кои положија цвеќе на вечното почивалиште на првиот премиер на независна Македонија, беa Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Скопје и делегација на ВМРО ДПМНЕ.
За претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, доволно е да се оддаде почит кон првиот претседател на независна Македонија Киро Глигоров, и за загинатиот претседател Борис Трајковски.
Почит за првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Не ги забораваме неговите заложби за мир и стабилност. Почит за загинатиот претседател Борис Трајковски. Ќе остане запаметен како лидер визионер, напиша Пендаровски на својот профил на „Фејсбук“.