Владата денеска на седница ја усвои информацијата за потпишување Меѓународна спогодба меѓу Европската Унија и Северна Македонија за учеството на земјава во програмата на Унијата – Дигитална Европа за периодот 2021-2027 година.
Владата го разгледа и прифати усогласениот текст на оваа спогодба, на предлог на Министерство за информатичко општество и администрација.
Програмата Дигитална Европа, според информацијата од Министерството, претставува програма на Европската Унија насочена кон приближување на дигиталните технологии кон бизнисите, граѓаните и јавната администрација.
Владата го овласти министерот за информатичко општество и администрација да ја потпише Спогодбата.