Владата и синдикатот за образование, наука и култура денеска ќе имаат нова рунда преговори.
Барањата на СОНК се зголемување на платите на просветните работници и во градинките да се зголемат за 18,5 отсто почнувајќи од платите за март.
СОНК за 11 април најави генерален штрајк во училиштата и градинките
Од друга страна, тврдењето на надлежните е дека не можат да се обезбедат финансиски средства за толкаво зголемување на платите во образованието, и дека тоа зголемување би предизвикало инфлација.
Премиерот Димитар Ковачевски деновиве изјави дека треба да се најде избалансирано решение за раст на платите во образованието и оти тоа може да се направи низ економско-социјален дијалог.