-Програмата за поддршката за печатење и дистрибуција на печатените медиуми предвидува поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми кои се издаваат на македонски јазик во висина до 50 отсто за направените трошоци за печатење и во висина до 50 проценти за трошоците за дистрибуција, а на печатените медиуми кои се издаваат на јазиците на етничките заедници во висина, не помалку од 50 проценти, но не повеќе од 70 отсто за направените трошоци за печатење и во висина не помалку од 50 проценти, но не повеќе од 70 проценти за трошоци за дистрибуција, согласно доставените фактури за календарската 2020 година, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Јавниот повик за реализација на Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2021 година ќе биде објавен во рок од три дена од денот на влегувањето во сила на оваа програма со објава во „Службен весник на Република Македонија