Владата ќе набави 120 еколошки автобуси – 80 ургентно за ЈСП

Владата одобри план за набавка на 120 еколошки автобуси, од кои 80 ќе бидат итно обезбедени за ЈСП Скопје. Оваа одлука е донесена по разгледување на информацијата од Министерството за транспорт во врска со барањата од локалните самоуправи.

Подобрување на јавниот превоз и намалување на загадувањето

Според Владата, средствата за оваа набавка се веќе предвидени во буџетот на Министерството за транспорт.

– Од вкупно 120 автобуси, 80 се итно потребни за обновување на возниот парк на ЈСП-Скопје, додека останатите 40 ќе се распределат според економската оправданост и потребите на општините – соопшти Владата.

Со оваа инвестиција се очекува подобрување на јавниот превоз и намалување на загадувањето на воздухот, што ќе придонесе за одржлив развој и заштита на животната средина.

Извор: Скопје1