Предлози за намалување на цените

Денеска, Владата ќе ги разгледа предлозите за ограничување на цените на одредени производи, доставени од страна на трговците.

„Министерството за економија и труд доби предлози од трговците за намалување на маржите и цените на основните прехранбени производи,“ соопштија од Министерството.

Стопанската комора на трговци, по состанокот во петокот, предложи конкретни мерки за намалување на цените.

„Предложивме ценовни олеснувања за 100 до 200 основни производи, бидејќи првичниот модел со 1.000 производи не даде очекувани резултати,“ изјавија од Комората.

Ограничување на профитните маржи

Министерството за економија работи на предлог-одлука за регулирање на профитните маржи на основните производи.

  • „Според насоките од Владата, се подготвува предлог за ограничување на бруто профитната маржа на 10% за основните прехранбени производи, средства за хигиена и бебешка храна,“ потврдија надлежните.

Ако повторно има несакани појави со цените, жеското ќе реагираме, најави Мицкоски

  • „Извештајот на Државниот пазарен инспекторат покажа дека маржите кај овие производи се исклучително високи, што е причина за дополнителни мерки,“ беше истакнато во соопштението.

Конечната одлука за ограничување на цените се очекува до крајот на неделава.