Нови амбасадори во Хрватска, Украина, Јапонија и Франција

Владата именува тројца нови вонредни амбасадори:

Драган Ѓурчевски – амбасадор во Хрватска
Димитар Блажевски – амбасадор во Украина
Андријана Цветковиќ – амбасадор во Јапонија

Дополнително, премиерот Христијан Мицкоски објави дека неговиот советник Игор Николов ќе биде новиот амбасадор во Франција.

Лекар предложен за амбасадор во Франција: Кој е Игор Николов?

Кои се новите амбасадори?

🔹 Драган Ѓурчевски – беше директор на Агенцијата за млади и спорт за време на владата на Никола Груевски.
🔹 Андријана Цветковиќ – веќе има дипломатско искуство, бидејќи во 2014 година беше прва амбасадорка во Јапонија.

Отповикани девет амбасадори

Во исто време, Владата ќе отповика девет досегашни амбасадори:

🔻 Светлана Гелевева – Совет на Европа
🔻 Јакуп Реџепи – Босна и Херцеговина
🔻 Џенк Сејфула – Шведска
🔻 Агнеса Руси Поповска – Бугарија
🔻 Емил Крстевски – Чешка
🔻 Пајо Авировиќ – Постојана мисија при меѓународните организации
🔻 Зеќир Рамчиловиќ – Црна Гора
🔻 Катерина Ставревска – Обединетото Кралство
🔻 Методија Белевски – Белгија и Луксембург

Дел од ваквите предлози доаѓаат од претходниот министер за надворешни работи, Бујар Османи.

Бујар Османи / МНР
Бујар Османи / МНР

Овие промени доаѓаат како дел од пошироката реконструкција на македонската дипломатска мрежа.