Програмата за спроведување интервентен фонд во земјоделството предложена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде разгледана денеска на редовната 28-ма седница на Владата на чиј дневен ред се повеќе точки.
– Според предложениот дневен ред, меѓу другото, на денешната седница ќе се разгледува Информација со Предлог-меморандум за соработка во туризмот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија како и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за трговија, соопшти владината прес-служба.
Седницата ќе почне во 12 часот, а за заклучоците и одлуките јавноста ќе биде информирана по нејзиното завршување.