Како што соопшти владината прес-служба, на дневен ред на денешната седница е и Информацијата за Оперативните насоки за мерка 27 – финансиска поддршка со креирање на мечинг фонд за претприемачи Роми.
На предлог на Министерството за здравство на седницата ќе биде ставена и усвојување и 64. Предлог – програмата за дополнување на Националната годишна програма за јавно здравје во Република Македонија за 2021 година.
Редовната 92. седница се очекува да започне во 13.30 часот, а пред нејзиното одржување ќе бидат одржани три тематски седници – тематска седница за 3-та група договори од пренаменети средства од Договорот со ТАВ (во 12.00 часот), тематска седница за одбележување на 20-годишнина од Рамковниот договор (во 12.30 часот), и Тематска седница за процесот на институционална децентрализација (во 13.00 часот).