Следните 3 години владата ќе плаќа 10 мииони евра повеќе за сајбер безбедност на институциите.

Генералниот секретаријат на Владата склучи договор за софтверски лиценци со друштвото за производство, трговија и услуги, „Аитоникс“ од Скопје.

Договорот, кој е објавен на системот за јавни набавки, е со вредност од 1.520.343.083 денари со вклучен ДДВ или 24.721.026 евра и е пресметан во долари.

Претходно Владата имаше договор со истата компанија со вредност од  15 милиони евра.

Според она што е објавено на системот за јавни набавки, на тендерот учествувале уште две компании „Комтрејд“ од Скопје и „Телелинк бизнис сервис“ исто така од  Скопје.

Интересно е што овој пат најниската понуда не била релевантна при одлучувањето на тендерот иако била главен  критериум. Најниската понуда изнесувала 21.191.062 евра.