Капацитетот на студентскиот дом ќе изнесува 300 легла. А, потребниот кадар, опрема и други услови за работа на Државниот студентски дом „Тетово“ во Тетово се предвидени согласно со нормативите и стандардите за опрема, простор и кадар за студентските домови, пренесува Maxfax.com.mk.
Целта на основањето на студентскиот дом во Тетово, според образложението од ресорното министерство, е остварување на интересите и потребите за престој на студентите кои студираат надвор од местото на живеење.