Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го започнува најамбициозниот проект за локален развој досега – вреден 250 милиони евра, наменет директно за капитални инвестиции во општините. Со оваа грандиозна програма, се поставуваат темелите за 1.200 нови градилишта на територија на цела Македонија.

„Секоја општина, секој град, секое село добива шанса за развој. Ова не е случајно – туку резултат на системски пристап и силна политичка волја“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Преку јавниот повик за капитални проекти, Владата одобри над 800 проекти, од кои 600 само во ресорот транспорт, со кои ќе се изградат нови улици, локални патишта, плоштади и мостови. Истовремено, над 140 проекти се насочени кон заштита на животната средина, вклучувајќи нови канализации, водоводи, пречистителни станици и енергетски ефикасни системи.

Општините добија втор повик за финансирање на проекти: Перински дециден дека средствата ќе се делат без разлика на партијата на градоначалниците

Вкупната поддршка за локалната самоуправа достигнува 20 милијарди денари, што претставува најголем буџет досега од национално ниво за локалниот развој.

„Се гради гантограм на активности – почнува градежна офанзива каква што не сме виделе до сега“, велат од партијата.

Како симбол на оваа нова ера на инфраструктурен развој, во Велес веќе е пуштен во употреба реконструираниот мост кај Башино село, чија санација чинела 320.000 евра. Дополнително, во тек е проектирање на сосема нов мост, кој ќе биде изграден со иновативна технологија што досега не е користена во Македонија.