Владата најавува најтешка енергетска зима, но не превзема ништо да ја ублaжи енергетската состојба – вака професорот и експерт по енергетика, Kонстантин Димитров за ТВ24 ја коментира најавата од власта за нова кризна сосотојба, но и надежта на владата дека нема земјите да забранат извоз на струја, а дома ќе проработат сите капацитети, за да нема рестрикции на струја.
Димитров обвинува дека не се прават долгорочни договори за купување струја, поради како што вели профит.
Владата ништо не презема, ама им одговара на некои трговци со електрична енергија колку е повисока цената на електричната енергија толку е зголемен нивниот профит процентуално. Зошто да купува нешто што е 200 евра ако може да го купи 500 евра и само 10 посто ќе му биде маржата, 10 посто на 200, или 10 посто на 500 видете која е разликата на трговецот. А се оформија некои на татини дечиња фирми за трговија со електрична енергија ќе има тука пари, ќе течат, вели универзитетскиот професор и експерт по енергетика, Константин Димитров.
На Македонија ѝ претстои енергетски најтешка зима порача вчера министерот за економија, Крешник Бектеши најавувајќи нова кризна состојба во електроенергетскиот сектор. За да можеме со 100-те милиони евра од ЕБОР да прави набавка на јаглен и мазут. Бектеши вели дека се прават сите напори и не очекува рестрикции на струја.
Сепак Димитров, со критики и до стратегијата на владата за купување гас, особено како 100 процентно зависна земја.
Јаглен ќе сме купеле, од каде рекоа? Албанија и Косово – ЌЕ! Кога ќе го транспортираат – прашање? Од каде и како? Јас мислам тие патиштата се моментално се во фаза на реконструкција, надградба, тешко. Требало да се почне навреме. Ние во Македонија имаме редовно, еве и денеска и вчера едно 25 до 30 проценти увезуваме електрична енергија. Од каде ќе купиме електрична енергија при недостаток зимоска. Тоа с еправи договор на година-две, па да си сигурен дека ќе ти испорачаат, вели Димитров.
Македонија одлучи дека земјава нема да го плаќа рускиот гас во рубљи, ако така одлучат и европските држави. Доколку секне испораката, преку писмо од Бугарија ќе се бара да се ослободат капацитетите закупени од „Гаспром“.