Се очекува нов раст на бензините и дизелот
Цените на светските нафтени берзи бележат раст, што се очекува директно да влијае и врз домашните цени на горивата. Поради ваквите промени, веќе се најавува дополнително поскапување на бензините и дизелот во земјава.
Иако државата и понатаму плаќа убедливо најевтин бензин во споредба со регионот, сепак се очекува во понеделник ново зголемување на цените на горивата.
Владата најавува итни мерки
Во меѓувреме, Владата континуирано ја следи состојбата со цените на нафтените деривати. Поради актуелната состојба, за утре во 12 часот е најавено донесување на вонредни мерки.
Според најавите, мерките ќе бидат насочени кон справување со високите цени на горивата. Притоа, се очекува тие да помогнат во ублажување на ценовниот шок што го чувствуваат граѓаните.
