Како што дознава ТВ21, во седиштето на Алтернатива се разговарало за поканата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и оттаму прозилегува како можна опција уривањето на владата.
Зејд синоќа како гостин во Клик Плус на ТВ21 изјави дека не потпишува недоверба на Влада заедно со Левица!
Денеска, пак, играта ја смени ВМРО-ДПМНЕ, која на Зејд му дава 19 потписи за нова иницијатива за рушење на владата на СДСМ-ДУИ!
Доволни се 20 пратеници за да поднесат предлог за гласање недоверба на Влада, а владата паѓа со 61 пратеник.
Мицевски пред неколку часа јавно го предизвика Скендер Реџепи, наредувајќи му да „не наоѓа изговори“ од типот „не зошто тој, не зошто ова“!
„Колега Скендер Реџепи да го сочуваме достоинството на пратениците и затоа Ве повикувам заедно да ставиме крај на газењето на пратениците од страна на хибридниот режим и согласно член 92 од Уставот, изберете 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со вас ќе поднесат нова иницијатива до Собранието за гласање на недоверба на владата на хибридниот режим СДСМ-ДУИ“, напиша Мицевски на Фејсбук.
ТВ21 го контактираше г. Реџепи, но кога ќе заврши состанокот на претседателството на ААА, ќе добијат одговор.