– Владата е посветена на поттикнувањето и развивањето на децата, да им се даде слобода за правилно изразување на нивните способности, чувства, креативност, снаодливост, да се оспособат за донесување на храбри одлуки во животот. Едноставно да одат низ животот самоуверено и сигурно, се наведува во соопштението.
Од Владата посочуваат дека една од најважните работи кои може да се забележат во малите групни домови е дека не се само место за живеење, туку место кое кај децата создава чувство на љубов
– Децата се многу важни во општеството, а со вакви активности Владата се грижи за децата, а со тоа и за нашата иднина, се додава во соопштението.