Ваквиот предлог за контролирање на работата на службеници е со цел да служи како механизам за превенција од корупција.
– На седницата беа презентирани и предлози за институциите кадешто е неопходно физичко присуство на службено лице во работата со граѓаните, да се регулираат преку видео надзор и боди камери, како механизам за превенција од коруптивни дејствија, се вели во владиното соопштение.
Предлозите се разгледувани во рамки на дискусијата за Планот за борба против корупција кој предвидува дигитализација на процесите што треба да го намали директниот контакт на службениците и граѓаните, а со тоа и да ја намали корупцијата. Работната група, велат од Владата, веќе ги подготвува и сите предлог-измени на закони за да може да се спроведе дигитализацијата и, како што информирал вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, истите ќе бидат подготвени и испратени во Собранието до крајот на август.
На седницата Владата одлучила да формира уште една работна група која ќе има задача да дефинира каква опрема е потребно да се набави за дигитализацијата на процесите.