– Владата донесе заклучок да се формира работна група за изготвување на соодветни законски решенија, за формирање на Агенција за регионален и локален развој, со по еден претставник од Министерството за правда, Министерството за локална самоуправа, Министерството за финансии, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Бирото за рамномерен регионален развој и ЗЕЛС, чија работа ќе ја координира Министерството за локална самоуправа, информора владината Прес-служба.

Меѓу заклучоците од оваа седница на Владата е задолжението за Министерството за правда, Министерството за финансии и Бирото за рамномерен регионален развој, и укажувањето до ЗЕЛС, да номинираат по еден претставник во работната група во рок од 10 дена од усвојувањето на овие заклучоци.

– Оваа работната група треба да достави соодветни законски решенија за формирање на Агенција за регионален и локален развој до Владата на Република Северна Македонија најдоцна до крајот на 2021 година, се додава во соопштението.

Покрај ова, Владата го задолжи Министерството за финансии да го достави Нацрт-предлогот на Законот за дополнување и изменување на Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа на мислење до сите надлежни министерства и до ЗЕЛС, и да изготви Предлог законски решенија по однос на горенаведените приоритети до септември 2021 година и да ги достави до Владата.