Потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје

Владата донесе одлука за решавање на долгогодишниот проблем со паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“. Ова создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје, информира владината прес-служба.

„Се затвораат административните прашања што со децении го попречуваа уредувањето на паркирањето во Клиничкиот кампус. Министерството за здравство во рок од три месеци го заврши процесот на регистрација на парцелите во Катастар и изработка на соодветните елаборати, со што се отвора патот за изградба на модерен и функционален паркинг, вклучително и катни гаражи, како и воведување софтверско решение за ефикасно управување,“ соопшти владиниот портпарол, Венера Азизи.

Проектот, како што дополнуваат од Владата, ќе обезбеди подобри услови за пациентите, здравствените работници и сите граѓани кои ги користат услугите на кампусот.