Прв мандат со акцент на општините и рамномерен развој

Во првата година од мандатот, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ издвојува 250 милиони евра од централниот буџет за капитални инвестиции насочени кон сите општини во државата. Од партијата информираат дека оваа финансиска поддршка има цел да го подобри животниот стандард на граѓаните, преку зајакнување на локалната самоуправа и финансирање на развојни проекти низ целата територија, пренесува Вечер.

На првиот јавен повик, како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, одобрени се 288 проекти, распоредени по различни области како транспорт, животна средина, образование, култура, спорт и социјална политика.

  • „Веќе е завршена првата фаза од јавниот повик со 288 поддржани проекти, а во тек е евалуација на вториот повик на кој се пријавени вкупно 887 проекти од 80 општини, што покажува голем интерес и активност од страна на локалните власти“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Завршени 129 проекти, фокус на здравство, екологија и дигитализација

Од партијата посочуваат дека во изминатата година биле реализирани 129 проекти за рамномерен регионален развој, со значајни инвестиции во здравството, заштитата од пожари, дигитализацијата и екологијата. Меѓу повпечатливите примери се:

  • „Реконструкцијата на ЈЗУ Нефрологија Струга и развој на здравствен туризам во ЈЗПР со вредност од 29.556.254 денари“,

  • „Модернизација на ЈЗУ Кардиологија – Охрид со набавка на опрема и дигитални решенија за 24.370.953 денари“,

  • „Проектот ‘FIRESHIELD’ за спречување пожари во микро-регионот Куманово-Липково-Старо Нагоричане-Ранковце вреден 21.644.000 денари“,

  • „Опремување на центар за физикална терапија во болницата Св. Еразмо за 4.325.668 денари“,

  • „Инвестиција во ‘Зелена топлина’ во Радовиш вредна 55.921.234 денари за греење од обновливи извори“,

  • „Проект за ‘Паметни решенија Велес’ со вредност од 46.215.459 денари“,

  • „Иновативни дигитални општински решенија во Тетово за 37.887.429 денари“,

  • „Проект за нула цврст отпад во Општина Аеродром вреден 37.182.273 денари“.

Дополнително, одобрен е и стратешки проект за изградба на нов граничен премин Клепало (Берово–Струмјани), вреден 11.127.682 денари.

  • „Се обидуваме да ги приближиме општините до граѓанинот и да изградиме систем кој ќе биде поддршка за секоја локална иницијатива“, наведуваат од партијата, додавајќи дека ова е конкретна демонстрација на промените што ги промовира новата влада.