Мицкоски: Борба за заедничка иднина, поддршка за над 16.000 лица
Со фокус на младите и долгорочно невработените, Владата го усвои Оперативниот план за вработување за 2025 година, тежок 40 милиони евра, со кој ќе бидат опфатени над 16.000 граѓани. Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција истакна дека мерките имаат за цел да го подигнат квалитетот на живот, да го зајакнат пазарот на труд и да создадат нови перспективи.
- „Затекнавме хаос, млади без перспектива и работници без редовна плата. Сега вложуваме за стабилна иднина. Само преку овој план, над 16.000 луѓе ќе добијат поддршка“, рече Мицкоски.
Според најавите, 12.537 лица ќе бидат вклучени во активни мерки, додека 3.520 ќе добијат пристап до услуги за вработување. Меѓу најзначајните иницијативи се: директна поддршка за стартапи на млади лица и вработување на 400 пожарникари во општините.
Видеото може да го погледнете во продолжение:
Мерки за сите: Стартапи, обуки и самовработување
Ваквиот план за вработување е насочен кон младите до 29 години, предвидени се и посебни мерки за лицата со попреченост, обуки на работно место, како и поддршка за самовработување.
- „Секој човек е важен. Ќе отвориме повеќе можности и ќе бидеме на страната на граѓаните“, додаде премиерот.
Министерот за економија, Бесар Дурмиши, посочи дека оваа година буџетот за мерки за вработување е зголемен за 7,5 милиони евра во однос на 2024 година.
- „Ова покажува сериозна посветеност на Владата кон подобрување на пазарот на труд“, истакна Дурмиши.
Извор: Вечер