Германска компанија ќе произведува литиумски батерии во Македонија

Нова германска инвестиција за производство на литиумски батерии вредна 65 милиони евра и 700 нови вработувања.

Германска компанија за производство на литиумски батерии ќе инвестира 65 милиони евра во земјава и ќе отвори над 700 работни места. Премиерот Мицкоски рече дека сите недостатоци се отстранети и утре ќе биде поставен камен темелник.

Инвестициски бум

Мицкоски најави инвестициски бум: За недела- две следи нова инвестиција, уште две до крај на годината и за четвртата сме во трка со моќна европска држава

Од почетокот на мандатот веќе има неколку успешни инвестиции од владата предводена од Мицкоски.

Експлозивен старт на новата влада: Инвестицијата со ветерници вредна 500 милиони долари ќе обезбеди 630 работни мета

Се пополнува буџетската дупка која ја оставиле СДСМ и ДУИ

На владина седница помина договорот за унгарскиот заем тежок 500 милиони евра наменет за развој на стопанството и општините. Премиерот Мицкоски вели дека со ова ќе се пополни дупката од 200 милиони евра во буџетот кој ја оставила власта на СДСМ и ДУИ. Првиот човек во Владата најави дека идната година наставниот кадар ќе добие покачување на платите, а Филипче, според Мицкоски, е тој кој стои со наставниците на протест, а не обезбедил пари за да растат нивните примања.

Ќе се бара решение за пругата со Бугарија

Мицкоски со помош на партнерите од Брисел ќе бара техничко решение за проблемите при изградбата на пругата до Бугарија која е дел од Коридорот 8. Премиерот повторно не откри кој му нудел поткуп и рече дека нема да се потрошат 500 милиони евра на траса што завршува во ќорсокак.