Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата, инвестицијата која беше најавена уште вториот ден од изборот на Владата го постави камен темелникот. Со поставување на камен темелник започна изградбата на ветерниот парк во близина на Штип со инвестиција од 500 милиони долари на „Алказар енерџи“ ќе се изградат 55 ветерници кои ќе произведуваат струја за 100 000 домаќинства, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека оваа инвестиција има огромна важност за државата како и развојот на економијата и создавање конкурентност на македонската индустрија на европскиот пазар.

-Инвестицијата на ”Алказар енерџи” има директен и индиректен импакт во економијата. Прво тоа што ќе се произведе и продаде директно ќе влегува во БДП. А индиректно придобивки ќе имаат не само трите општини кои гравитираат на чија територија е ветерниот парк туку и во годините што следуваат придонес во развојот на стопанството, индустријата, енергетиката.

Оваа инвестиција ја зголемува енергетската независност на државата, ги зајакнува националните енергетски капацитети и придонесува кон исполнување на зелената тразиција на државата.

Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ продолжува со привлекување на странски инвестиции, отворање на нови работни места, како и инвестиции во енергетиката со цел стабилен и независен енергетски сектор, се наведува во соопштението.