Денеска во општина Свети Николе на посета е потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска со која заедно посетивме неколку места каде што се извршуваат градежни работи на повеќе потези низ нашата општина. Прво бевме на асфалтирањето на потегот Бел камен – Рудина, потоа дојдовме тука каде што се гради нова противпожарна станица во општина Свети Николе модерна каква што нема во Република Македонија и мора да кажам дека таа ни е донација од американската амбасада и голема благодарност и помош до доброволното противпожарно друштво на чија иницијатива и започна оваа изградба на противпожарната станица, истакна Дејан Владев, градоначалник на општина Свети Николе.
-Кога зборуваме за противпожарната станица може да кажам дека во период од англиското доброволно противпожарно друштво обезбедивме ново противпожарно возило, а некаде во септември или октомври очекуваме од Вардарски плански регион уште едно противпожарно возило и заедно со тоа ќе имаме 5 противпожарни возила за потребите на нашата единица.
Паралелно може да кажам дека во тек е постапката за набавка од сопствени средства на теренско возило за потребите на противпожарната станица во Свети Николе, бидејќи досега немаа такво, потенцираше Владев и додаде:
„Паралелно се работат повеќе проекти низ општината. Се гради канализација во село Пеширово, во скоро време ќе започне и во село Мустафино, имаме градинка која се гради во село Ерџелија, за една ќе започне изградба на нова балон сала во просториите ООУ Даме Груев во село Ерџелија, ќе асфалтираат потези во повеќе села. Паралелно веќе започна со реализација водоводот во село Орел кој е проект на Светска банка.
До крај на август треба да биде завршено и комплетно асфалтирано со канализација и атмосферска канализација во населба Лозов расадник. Има разубавување на градскиот парк со ново детско игралиште, реконструкција на ракометното игралиште.
Наредниот период ќе работиме турбо, а за кратко време ќе започне реконструкцијата на ударните дупки во градот како и ставање на бекатон таму каде што нема. Се на се работиме нови проекти се за доброто на општина Свети Николе“.