По повод 8 Декември – Св. Климент Охридски, владина делегација денеска ќе положи цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски кај Националната и универзитетска библиотека во Скопје, која го носи неговото име.
Во состав на владина делегација ќе бидат министерот за правда Бојан Маричиќ, министерката за култура Ирена Стефоска и заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи.