Владината делегација ја сочинуваа министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, министерката за образование и наука Мила Царовска и Ирена Стефоска, министерка за култура.

Со полагањето цвеќе во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, се одбележува просветителската мисија и извонредната улога, која браќата Кирил и Методиј ја имаат во историјата и културата на Европа, светот и Македонија, а изразена преку нивната мисија меѓу словенските народи во деветтиот век.

Низ тој процес била создадена и првата азбука – глаголицата, од која подоцна ќе се создаде кирилицата како основа за стандардизација на македонскиот јазик и писмо.