Владина делегација, предводена од вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, од денеска ќе престојува во посета на Дубаи каде се одржува глобалниот саем „Експо“.
Во состав на делегацијата, меѓу останатите, е и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
Официјалната церемонија и одбележувањето на денот на Република Северна Македонија на саемот почнува во 13 часот, односно 16 часот по локално време.
Утре, ќе се одржи бизнис конференција на која ќе се обратат вицепремиерот Битиќи, министерот за животна средина Нуредини, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Фестим Халили, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски и претставници од четирите комори.
Во рамки на посетата на Дубаи, како што информира владината прес-служба, делегацијата ќе одржи состаноци и со претставници од Владата на Обединетите Арапски Емирати, коморите и компании.