Власта го помина 8 Септември без да го спомне името Македонија, се срами ли Ковачевски од државата?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму истакнуваат дека ниту во логото, ниту во официјалните материјали на власта за 8 Септември не се најде името Македонија.

Власта како да се срами од сопствената држава.

 

СДС ја релативизира независноста и се повеќе бега од чествување на националните празници.

 

Од односот на СДС кон 8-ми Септември не е чудно зошто тргуваат со сите претходни национално важни датуми и моменти.

 

СДС недостојно се однесуваат кон државата, потребни се промени и враќање на гордоста и достоинството на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.