Власта се луксузира со нов мебел, нови возила, енормно троши за непродуктивни трошоци, а нема пари за зголемување на платите на вработените во образовниот процес, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.
Ковачевски призна дека нема пари во Буџетот за платите на наставниците, професорите и воспитувачките во градинките.
Образовниот, здравствениот и воспитувачкиот кадар во градинките заслужуваат повисоки плати. Потребно е веднаш да се усогласат платите на овие сектори со колективните договори.
Власта е глува за барањата на наставниците, професорите и воспитувачките во градинките за покачување на платите.
Ако се почитува колективниот договор кај професорите и наставниците, нивните плати ќе достигнат и до 45 илјади денари.
ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува барањата на вработените во образовниот систем, бидејќи тие заслужуваат поквалитетен живот и подобар стандард.
Владата мора да ги зголеми и платите во здравствениот систем. Токму поради лошите услови и малите плати се повеќе здравствени работници ја напуштаат државата.
Потребно е и зголемувања на платите и во другите области, и раст на платите соодветен на минималната плата.
Во услови кога во државата секој ден има зголемување на инфлацијата и опаѓање на животниот стандард, потребни се итни и реални мерки од страна на владата на администраторот Ковачевски, велат од ВМРО ДПМНЕ.