Останува фактот дека граѓаните и македонскиот народ не го прифати француско-бугарскиoт предлог ниту срамниот протокол, што толку долго власта го криеше, затоа што народот не се срами од своето минато и не дозволува некој да го распродава неговото наследство. Власта треба да си оди и не само тоа туку и да одговара за велепредавство, за планираната бугаризација што тие треба да ја спроведуваат под бугарски диктат, информираат од Социјалистичката партија на Македонија.

Во продолжение нивното соопштение 

Социјалистичката партија на Македонија потсетува на историското значење на Народниот фронт и народно ослободителната борба преку кои е создадена македонската држава. Круната на таа борба, поддржана од македонскиот народ, се одлуките на АСНОМ со кои е втемелена државноста, а со Референдумот Македонците ја изгласаа својата независна Република Македонија, кои претставуваат столбови на Социјалистичката партија на Македонија во програмскиот дел за македонските национални и државни интереси.
Антиисториската улога од промена на името на државата, знамето, приватизацијата на општествениот капитал, територијалната поделба и отстапките кои се направени кон соседите, е својствена за СДСМ токму кога тој ја има власта.
Отстапките кон Грција, кон Бугарија и Тиранската платформа, широко дефинирани како антидржавни политики, се товарот кој овие социјалдемократи доживотно ќе ги следи.
Последните настани во македонскиот парламент со прифаќање на бугарско-францускиот предлог ја потврдија антидржавната политика на власта.
Лажењето на сопствeниот народ од страна на премиерот и министрите Османи и Маричиќ е срамна епска приказна за тоа како не треба да се манипулира со сопствениот народ.
Тие прифатија и ги убедија своите пратеници на срамно понижување и прифаќање на решенија со кои се поништуваат идеалите на илинденците и партизаните, на сите родољубиви граѓани и патриоти.
Направија злосторство против сопствената држава и народ со непочитување на народната воља, науката, интелектуалците, професорите и наставниците и сите граѓани кои масовно излегоа на улица.
Со нивната сервилност и покорност ја доведоа државата Македонија во подредена улога кон Бугарија и кон ЕУ. Злосторство кое не се простува ниту се заборава.
Останува фактот дека граѓаните и македонскиот народ не го прифати француско-бугарскиoт предлог ниту срамниот протокол, што толку долго власта го криеше, затоа што народот не се срами од своето минато и не дозволува некој да го распродава неговото наследство.
Власта треба да си оди и не само тоа туку и да одговара за велепредавство, за планираната бугаризација што тие треба да ја спроведуваат под бугарски диктат.
Народот е свесен и јасно е дека не прифаќа капитулација и ненародна власт.
Социјалистичката партија на Македонија во целост го поддржува барањето на македонските граѓани за брзи и предвремени избори со кои ќе се стави крај на безумието, предавствата и економското птопаѓање на државата.