Оградувањето на Асоцијацијата на цистична фиброза од својот член Игор Пехчевски наиде на жестока осуда од граѓаните на социјалните мрежи.
На објавата во која Асоцијацијата се оградува од изјавите на Пехчевски во кој тој ја критикува директорката на Клиниката за детски болести има речиси 200 коментари, од кои сите се негативни и со осуда за ваквиот чекор на Асоцијацијата.
„Власта ве седна во скут“, „Срам да ви е“, „Како може вака да ги делите пациентите“, „Да не беше Игор, немаше ни да знам за проблемите со цистична фиброза“, гласат дел од коментарите.