Откажувањето на еврообврзницата од страна на владата на Ковачевски не само што го нарушува угледот на Македонија пред финансиските институции, туку ќе има и можни финансиски импликации. Власта молчи за тоа и се обидува овој скандал да го заташка, затоа што ако почне да одговара ќе се отворат уште повеќе други работи поврзани со задолжувањето.
Почитувани, власта, односно министерството за финансии предводено од Бесими и владата предводена од Ковачевски знаела дека еврообвзницата ќе пропадне најмалку уште од 14 февруари. Впрочем тие на 14 февруари, ден пред јавноста да дознае за срамот со еврообврзницата, одржале аукција на државни обврзници со рок на достасување од само две години и со каматна стапка од високи 5,25% Токму поради оваа значајно висока каматна стапка понудата била 8 милијарди денари, а побарувачката била поголема од 12 милијарди денари.
Ова покажува дека Македонија ја задолжиле многу скапо, односно ако во минатото каматната стапка од 5% се даваа за рок на доспевање од 15 години, сега за 2 годишни државни обврзници плаќаат каматни стапки од 5,25%.
Сега поради неспособноста на владата на Ковачевски имаме позајмување на скапи пари, нарушен углед пред меѓународните институции и дополнително поголем долг.
Оваа неодговорна власт граѓаните сега, но и во иднина граѓаните скапо ќе ја плаќаат. Оваа влада на Ковачевски мора час поскоро да си замине.