Услови на патиштата и видливост
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, со влажни коловози и ограничена видливост. На патниот правец Гевгелија – ГП „Богородица“ видливоста е намалена до 60 метри поради магла. На планинскиот премин Стража и кај Маврово видливоста достигнува до 100 метри.
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез или излез од државата, информира АМСМ.
Препораки за возачите
АМСМ ги советува возачите да ја прилагодат брзината на движење и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание се советува на:
-котлините, речните долини и клисурите
-делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево
На овие места постои можност за појава на одрони, па внимателното управување со возилото е задолжително.
