Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, поради што ќе биде активирана жолта, а во југоисточниот дел од земјата портокалова фаза за опасност од високи температури.

Во Скопје и околината ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 39 степени.

Утре во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, а од четврток опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени.