Интегралното соопштение го пренесуваме во продолжение:

Сепак, она што е уште позагрижувачко е тоа што истиот Бесими, согласно донесената Стратегија за управување со јавен долг 2022-2026, планира следната година јавниот долг да достигне вртоглави 8, 5 милијарди евра или скоро 66% од БДП. Ова се 6 процентни поени повеќе од границата предвидена со Мастришкиот критериум. Годинава, Министерството за финансии планира јавниот долг да достигне 64%, а следната дури 66%. Тоа значи дека секое четиричлено семејство во земјава ќе должи по 17.000 евра.

Она што е најзагржувачко е каде одат тие пари. Во патишта, училишта, болници и останата инфраструктура – сигурно не. Капиталните инвестиции за седум месеци, односно повеќе од половина година се околу 30%. Истовремено, со предлог-ребалансот се зголемуваат средствата за привремени вработувања, мебел и возила. Значи средствата кои сега ги зајмиме и кои нашите деца и внуци ќе ги плаќаат во иднина, се трошат на партиски вработувања и луксузирање на функционерите од власта.

За само 4 години оваа влада го зголеми јавниот долг за 2,4 милијарди евра и не планира да запре.