-Дожд од 10 минути целосно го парализираше Скопје, случај што не може да се сретне никаде во светот. Излезе на површина и шминката на Шилегов за новиот булевар од Бутел до Шуто Оризари, а за неговата неспособност и мрзеливост сведочат и снимките на кои се гледа како граѓани со чамци излегуваат по улиците.

Дека Шилегов не се грижи за градот, ниту за скопјани доказ е и тоа што и после 10 дена се уште гори пожар во околината на градот, а на Шилегов поважен му беше луксузниот одмор во Хрватска.

За неспособноста и криминалот на Шилегов сведочат и испуканите тукушто наместени плочки на кејот кои тој скапо ги плати со парите на скопјани, а не издржаа ни еден месец.

Ниту една шминка нема да го покрие неработењето на Шилегов. Граѓаните на 17-ти октомври ќе му стават крај на паразитот Петре Шилегов, потенцираат од партијата.