За една недела поради Ковид заразата починаа 150 жртви поради корона. Владата нема план за заштита на здравјето, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
„Вистинските прашања се:
1. Зошто владата крена раце и државата ја пушти во слободен пад во борбата против ковидот?
2. Зошто нема план и чекори во насока на превенција и заштита на новиот бран кој одзема животи?
3. Владата може ли да препознае која е стратегијата која се презема за да се намали бројот на заразени?
4. Зошто Ковачевски не ги почитува протоколите и нема маска на групните состаноци на владата?
5. Зошто наместо на помош на здравствениот сектор, владата е фокусирана на тендерите и матните бизниси?
6. Во неделата кога починаа 150 луѓе од корона поминаа сомнителни тендери од 1 милион евра на транспортна фирма за местење на колектори во МВР и 4 милиони евра за анонимна фирма за набавки на ДУИ во МОН“, стои во нивното соопштение до јавноста.