Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на тоа општините да станат пофункционални, поефикасни во испораката на услуги и поблиску до граѓаните. Владата обезбеди 250 милиони евра од централниот буџет за капитални инвестиции во сите општини, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Преку двата повици од инструментот за капитални инвестиции со поддршка на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се финансираат инфраструктурни проекти во општините. Во првиот повик беа финансирани 288 проекти, а преку вториот повик се потпишаа договори за 828 проекти со вкупна вредност од 225 милиони. Владата инвестира во видливи, суштински проекти што ја менуваат реалноста на локално ниво. Дел од проектите се следните: Реализирани се 129 проекти за рамномерен регионален развој на Македонија; Опремување на современ центар за физикална терапија во болницата „Св.Еразмо“ во вредност 4.325.668 денари; Реконструкција на ЈЗУ Нефрологија Струга и креирање на услови за здравствен туризам во ЈЗПР“ во вредност 29.556.254 денари; Подобрување на условите за здравствен туризам со реконструкција на ЈЗУ Кардиологија- Охрид, набавка на опрема и дигитализација во вредност 24.370.953 денари; Заштита и превенција од пожари во микрорегионот, Општини Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Ранковце „FIRESHIELD”во вредност 21.644.000 денари; Реконструкција и адаптација на Дом за стари лица, Берово-4та ламела, Општина Берово“ – вредност 22.278.213 денари; Подобрување на здравствените услуги и создавање на услови за рехабилитација на ранливи категории граѓани и пост-ковид пациенти во Пелагониски плански регион во вредност 27.275.658 денари; Паметни решенија Велес „Продолжуваме“ во износ од 46.215.459 денари; 24.885.000 денари за „Паметно ЛЕД осветлување“ во Полошкиот плански регион; Одобрен стратешки проект за изградба на граничниот премин Клепало (Берово–Струмјани) во вкупна вредност од 11.127.682; Иновативни дигитални општински решенија во Општина Тетово, во износ од 37.887.429 денари; Проект „Чист Аеродром“ – Нула цврст отпад во Општина Аеродром, во износ од 37.182.273 денари, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.